По повод иницијативата „Милион деца молат за мир“ на 18 октомври 2018 година во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица, децата и младите се приклучија на оваа меѓународна иницијатива, молејќи света Бројница за мир во светот. На молитвата учество зедоа и повозрасни верници од парохијата.
Децата молејќи ја Светата Бројаница поставуваа запалени свеќи, пред иконостасот, формирајќи Бројаница, а во средината го поставија знакот на Папското дело „Црква во неволја“, иницијатор на оваа молитвена иницијатива.
Оваа молитва се одржува секоја година на ист датум, 18 октомври, а парохијата Свети Иван Крстител – Струмица од своето основање е дел од оваа меѓународна молитвена иницијатива.
к.мк