Струмица: Милион деца молат за мир

Струмица: Милион деца молат за мир

На 18 октомври 2016 година во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица децата со молење на Света Бројаница се приклучија на меѓународната молитвена иницијатива „Милион деца молат за мир во светот“, која е потикната од Папското дело „Црква во неволја“.

За време на Светата Бројаница децата наизменично молеа, а по секоја молитва од Бројаницата, положуваа на земјата запалена свеќа, и така на крајот формираа Света Бројаница со запалени свеќи.

Во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица оваа молитвена иницијатива се одржува од самото основање на парохијата. Иницијатива е позната како „Еден милион деца молат Света Бројаница“ започна во Венецуела, инспирирана од зборовите на свети паде Пио: „Кога еден милион деца ќе молат света Бројаница, светот ќе се промени.“ Се одржува секој 18 октомври, започнувајќи од 2005 година.

повеќе фотографии

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот