Струмица: Божиќна приредба во Катедралата
На 7 јануари 2016 година под менторство на сестра Тереза Стојкова децата и младите од катедралната парохија „Успение на Пресвета Богородица“ од Струмица изведоа Божиќна приредба, која започна со поздравно писмо од младите.
Во режија на Глигор Тасев следуваше монодрама за посетата на Мајка Тереза на Скопје во 1980 година, како и драма со наслов ,,Дојди Исусе на земјата и биди блиску до луѓето’’. Децата од парохија под водство на сестра Тереза Стојкова подготвија божиќни рецитали и песни. Приредбата заврши со делење божиќни пакетчиња на децата, кои беа донирани од повеќе спонзори.
Пред празникот Рождество Христово младите од парохијата изработуваа „Витлеемска ѕвезда“ со пораки од Светото Писмо, кои се делеа на верниците за време на празникот Божиќ.
к.мк