Среќен роденден Свети Оче Фрањо!
Папата Фрањо на 17 декември наполни 77 години. Неговиот ден започна вообичаено со света Литургија во капелата на домот Света Марта, на која присуствуваа неговите најблиски соработници, кои по завршувањето на Литургијата му го честитаа роденденот. По желба на Папата дојдоа и куварите, чистачите и останатите вработени, бездомници, како и кардинал Анџело Содано, државниот секретар Пиетро Паролин и архиепископот Конрад Крајевски, јавува Радио Ватикан.
Интерент страницата на Светата Столица по повод роденденот на Папата подготви албум – честитка со фотографии и цитати од Светиот Отец. Таа „роденденска честитка“ на повеќе јазици ја подготви канцеларијата за Интернет, под раководство на аргентинскиот епископ Луциј Адријан Руиз.
Прославата на роденденот на Светиот Отец започна минатата сабота кога малите пациенти од ватиканската педијатриска амбуланта, по повод аудиенцијата во салата Павле VI му поклонија торта со 77 свеќи. Деветнаесет деца со помош на букви на маиците напишаа: „Честитаме, папа Фрањо“. Верниците на Папата му упатија и околу 120 сантиметри висока роденденска честитка со иконата „Богордица која расплетува чворови“.
Роденденот на Папата ќе биде одбележен и со посета на играчите и менаџерот на фудбалскиот клуб Сан лоренцо де Алмагро, клуб за кој навива Светиот Отец и чиј капелан беше долго време, а Папата со нив ќе се сретне во рамките на аудиенцијата во среда.