Средба на свештенството и монаштвото во Македонија

Во попладневните часови во петок 9 септември 2016 година во рамките на Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“ во просториите на Пасторалниот центарпри катетралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одржа духовна средба на свештенството и монаштвото од Скопска бискупија и Апостолскиот егазрхат во Македонија.

Средбата ја отвори парохот дон Давор Топиќ, а предавање одржа патер Антун Воленик СЈ, кој говореше за света Мајка Тереза и нејзината поврзаност со Дружбата Исусова и мисионерот Анте Габриќ.

На крајот од средбата Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов се заблагодари на патер Антун Волењак за исцрпното и содржински богато предавање.

Средбата заврши со можност за света Исповед и света Литиргија во капелата на Пасторалниот центар.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот