Средба на млади од Струмица по повод Денот на млади

Струмица, 2.7.2013 /к.мк/ – Во недела 30 јуни во Катедралната црква Успение на Пресвета Богородица се одржа третата средба во рамки на подготовките за денот на млади.

Средбата започна со молитва, а о. Ѓорги Појразов одржа предавање на тема: „Подготви ја твојата душа за искушенија“. По предавањето младите кои работеа во групи ја презентираат обработената тема, која беше: „Искушенијата во секојдневниот живот“. Средбата беше пропратена со духовна музика во изведба на Македонка Ичева.

Заедништвото на младите продолжи во парохиската сала, каде младите разменуваа мислења, разговара, и се дружеа.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<