Средба во Ватикан на папата Фрањо со претставници на Јувентус
Ватикан, 22.5.2013 /к.м/ – Папата Фрањо во вторник попладне 21 мај во домот Света Марта во Ватикан ја прими делегацијата на фудбалскиот клуб Јувентус, шампион на Италија за оваа година. На приватната аудиенција присуствуваа претседателот на клубот, Андреа Ањели, генералниот директор Џузепе Марота, тренерот Антонио Конте и капитенот Џиџи Буфон. Голманот на Јувентус му го подари на Светиот Отец неговиот дрес.
Во среда 22 мај на програмата на Папата стои аудиенција со фудбалери од италијанските фудбалски клубови Лацио и Рома во пресрет на дербито на купот на Италија кој ќе се игра во недела. (В.Н.)
Категорија:
Ватикан