Заедно во радоста да се сретнат во живо по пандемијата, до одговорните на Движењето на Фоколарите од целиот свет собрани заедно од 10 до 23 септември, доаѓа и неочекуваниот и срдечен поздрав на папата Фрањо.
„Многу Ви благодарам за убавите вести. Близок сум со Вас лично и со сите вас. Се молам за Вас лично, и ве молам и вие да молите за мене“. Со овие зборови Папата ѝ одговори на Маргарет Карам, претседателката на Движењето на Фоколарите, која сакаше со Неговото писмо да ја започне средбата на одговорните на Движењето од целиот светот заедно со Генералниот совет на Движењето. Претседателката им кажа на 104-те присутни дека во последните неколку дена почувствувала желба да му напише на папата Фрањо, да му се заблагодари за постојаната близина до неа и Движењето, а со надеж да Го израдува.
Во своето писмо до Светиот Отец од 6 септември, меѓу другото, таа напишала: „Поминаа година и седум месеци од мојот избор за претседателка и Ве уверувам дека тоа беше напорен период во кој се соочив со многу предизвици и во кој требаше да се донесат одлуки. Сè подобро ја разбирав Вашата референца за „кастрењето“ неопходно за раст и обновувајќи го мојот избор да го прегрнам распнатиот и напуштен Исус во нив, разбрав дека се продлабочува понизноста, се зголемува надежта и уште посилно го почувствував единството со Вас, Ваша Светост, заедно во сигурноста дека Бог е во Делото. Во исто време, бев сведок на цветањето на многу плодови, индивидуални и општествени духовни чекори, внимавајќи на најмалите, многу конкретни дејствија во корист на оние кои најмногу страдаат“. Писмото го заврши со уверување до Папата дека молат членовите на Движењето за Него.
Големо беше изненадувањето кога следниот ден го доби овој одговор напишан лично од Папата:
Г-ѓа Маргарет Карам,
Драга сестро, ти благодарам многу за твоето писмо од вчера. Многу Ви благодарам за убавите вести.
Близок сум со Вас лично и со сите вас. Се молам за вас, и ве молам и вие да молите за мене.
Господ да Ве благослови и Богородица да Ве чува.
Братски поздрав,
Фрањо