Папата го посети прифатниот центар за бегалци „Враждебна“ во Софија

Папата го посети прифатниот центар за бегалци „Враждебна“ во Софија

Во рамките на посетата на Бугарија, папата Фрањо на 6 мај 2019 година го посети Центарот за прифаќање на бегалци „Враждебна“ на периферијата на Софија каде се сретна со 50 лица претежно од Сирија и Ирак.

Вториот ден од посетата на Бугарија Светиот Отец го започна со посета на Центарот за прифаќање на бегалци „Враждебна“ на периферијата на Софија. Светиот Отец го пречекаа директорот на центарот, директорот на Каритас, а потоа Папата во трепезаријата се сретна со околу 50 лица меѓу кои голем број деца и нивните родители. Средбата се одржа во пријателско и радосно расположение – рече директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Алесандро Џизоти, напоменувајќи дека станува збор за лица од различни националности и вери.

Тоа беше кратка средба, но и за тие 25 минути тие деца дадоа смисла на она што папата Фрањо го зборува со своите зборови и гестови и можеме да кажеме од самиот почетокот на својот понтификат – рече Џизоти. Станува збор навистина за близина до Христовото тело кое страда, до животните периферии, а во овој случај уште и тоа што тие беа деца на возраст од 6 и 10 години кои доаѓаат од Сирија, од Ирак, а кои тој центар ги примил, посебно преку Каритас. Светиот Отец подари една слика од Пресвета Богородица како знак на важноста на присуството на Марија, на нејзиното мајчинство, на местото на големо страдање, но и на надеж како што е тој прифатен центар за бегалци – рече Џизоти.

Папата во краткиот поздрав упатен до децата, до нивните родители и до сите волонтери присутни во центарот истакна дека децата секогаш ни помагаат подобро да сфатиме сè што се случува и истакна дека е тажен патот на тие деца и на нивните родители во бегството од војната, од бедата, во напуштањето на нивните татковини и напорите да се вклучат во други земји во светот, но исто така и дека секогаш постои надеж. Освен тоа – додаде Џизоти, Папата рече дека светот на мигрантите и бегалците денес помалку е крст за човештвото, крст заради кој страдаат многу луѓе. На крајот Свеетиот Отец побара да се молат за него, а знаеме колку за него е важна молитвата на оние кои страдаат посебно тие деца и тие семејства – рече привремениот директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот