Скопје: Духовна обнова за Божиќ
На 21 декември 2015 година во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје се одржа предбожиќна духовна обнова за свештеници и монахињи на тема „Бидете милосрдни како вашиот Отец небесен“ водена од дон Паво Шекерија, духовник во надбискупската семинарија во Травник.
По молитвата на средниот час дон Паво Шекерија одржа беседа за милосрдието инспирирана од евангелието, како и од енцикликата на папа Фрањо „Лице на милосрдието“.
Дон Паво Шекерија се сретна со Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов. Бискупот Стојанов му заблагодари на дон Шекерија за подготвеноста да биде на служба во парохијата Битола за време на Божиќните празници. Оваа парохија подолго време е без парох и така е препуштена на Божјото милосрдие.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија