Скопскиот парох дон Топиќ и капеланот Мезег престојуваа во Буркино Фасо

Од 27 јанаури до 6 февруари 2015 година скопскиот парох дон Давор Топиќ и парохискиот викар дон Јошт Мезег престојуваа во Уагадугу, главениот град на африканската држава Буркина Фасо.

Повод за патувањате е прославата на Прва Миса на дон Мезег, кој како богослов од надбискупската меѓународна семинарија Редемпторис Матер од Сараево ја помина акдемската година 2012/2013 на мисонерска пракса во парохијата Пресвета Богородица во Уагадугу.

Пред патувањето во Буркина Фасо во скопската парохија е спроведена акција во која парохјаните собираа помош за школуваање на сиромашни деца, а од акцијата се собрани 51 стипендија. Во Буркина Фасо постојат државни училишта и приватни, а секоја од нив наплатува, што е голема препрека за да можат многу сиромашни деца да се стекнат со основно образование. Исто така националниот директор дон Иван Штироња од канцеларијата на Папски мисиски дела од Босна и Херцеговина преку парохот Топиќ упати помош за сиромашните.

За време на престојот парохот и капеланот ја запознаа младата Црква во Буркина Фасо и се уверија дека Црквата во Африка е надежта за светот, како што веќе рече свети Иван Павле II.

Набискупот на Уагадугу, кардинал Филипе Уедраого ги запозна своите гости со историјата на оваа Црква, која постои стотина години и со евангелизацијата на првите мисионери „Белите оци“ од Франција, кои веднаш започнале со основање семинарија со накана да се образуваат свештеници од месното население. Дон Топиќ и дон Мезег исто така ја посетија семинаријата на надбискупијата, центарот за напуштени деца, парохиската заедница и присуствуваа на свечено отворање на Апостолската нунцијатура, како и на поклонение во надбискупското светилиште Богородица од Јагме, каде што присуствуваа околу милион верници.

Дон Мезег славеше Прва Миса во повеќе парохии, како и во заедници на Неокатекуменскиот пат, каде што посведочи дека времето поминато на мисионерска пракса во Африка му помогнало во духовното созревање и патот кон свештенството и дека за тоа искуство му благодари на Бог, како и на браќата кои ги запозна.

Парохот и капеланот исто така имаа можност да го запознаат животот на луѓето во една од најсиромашните земји во светот преку посета на некои села, разговарајќи со луѓето, доживувајќи ја нивната дладбока духовна жед, како и отвореноста за Бог.

Свештениците се вратија во својата парохија збогатени со едно ново искуство и мисионерска ширина, која што ја посведочија во парохиската заедница со кратка презентација после неделната Миса.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот