Сириските деца и млади потпишаа апел за мир во Сирија

Сириските деца и млади потпишаа апел за мир во Сирија

Повеќе од стотина деца и млади од Алепо – христијани и муслимани – се собраа минатиот четврток со молитва и песна да побараат мирот да се врати во Сирија.

Собирот се одржа – како што јавува агенцијата ФИДЕС – на отворен простор пред зградата на поранешното училиште на фрањевците од Светата Земја. Слични манифестации се одржаа на 7 октомври 2016 во училиштата во Дамаск, Хомс Јабруд и Тартус, а според нашите информации апелот вклупно го потпишале повеќе од милион деца и млади.

Децата за време на средбата потпишаа петиција наменета за Европската Унија и Обединетите нации. Станува збор за апел за мир кој го потпишаа сите деца и млади, а кој во следните неколку дена ќе биде доставен до претставниците на Европска Унија и Обединетите нации во Брисел и Женева. Апелот ќе го достават тројцата источни патријарси кои се носители на титулата Антиохиски: патријархот грко-мелкитски Грегор III, потоа патријархот грко-православен Иван X и сиро-православниот патријарх Игнатиј Афра II.

Во Алепо – дури ниту на самиот ден на одржувањето на оваа детска мировна иницијатива – не беше мирно заради артилериското бомбардирање. Гранати паѓаа дури и во населби под контрола на сириската војска при што освен материјална штета имаше и човечки жртви. Веќе со недели – изјави за агенцијата Фидес монс. Антоан Аудо халдејски епископ во Алепо – повторно сме изложени на нов општ терор иако се настојува јавните институции да бидат отворени; на пример универзитетот – истакнува епископот Аудо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Вести, Свет

За авторот