Синода на епископите: Заврши работата на работните групи

Во Ватикан на Синодата посветена на семејството заврши работата на тринаесетте јазични групи на третиот дел од работниот документ на Синодата (Instrumentum laboris).

На вообичаениот брифинг се свое видување дадоа тројца кардинали: Шпанецот Луис Мартинез Систач, архиепископ на Барселона, Јужноафриканецот Вилфрид Фокс, архиепископ на Дербен, и Мексиканецот Алберто Суарис Инда, архиепископ на Морела.

„Семејството не е само предизвик, туку и можност за среќа“, рече кардиналот Луис Мартинез Систач, нагласувајќи дека подготовката за брак е фунадментална, за да се избегнат поделбите и разводите. Архиепископот на Барселона ја поддржи реформата на папата Фрањо на постапката за прогласување (утврдување) невалидност на бракот, но во светлината на неговата неразрешливост: „На овој начин, по неуспехот брачните двојки можат да ги обноват своите животи со гордо дигната глава пред Бог и Црквата“, рече кардиналот.

За кардинал Алберто Суарез црковната доктрина е важна, но „не може да биде само теорија, туку треба да се применува со учеството на Исус во историјата на семејствата“. „Семејството е основа на општеството и сите социјални елементи треба да го поддржуваат и заштитуваат“. Мексиканскиот кардинал се задржа на драмата на мигрантите, не само поради географските врски, туку и поради нормите кои го попречуваат соединувањето на семејствата. Во врска со тоа, тој им заблагодари на американските епископи за прифаќањето на мексиканските мигранти.

Архиепископот на Дербен, кардиналот Вилфрид го истакна оптимизмот на африканските епископи за работата на Синодата. Тој во својата изјава посвети посебно внимание на лаиците и среќните семејства: „Тие покажуваат каква насока треба да преземе Синодата. Затоа е потребно да се концентрираме на верските звања и мисијата на семејството во современата Црква. Исто така да ги придружуваме брачните двојки пред и по бракот, бидејќи ако Црквата се реформира, треба да се реформира и семејството, што е во нејзината основа“, истакна кардиналот.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот