Како што Синодaта за синодалноста влегува во нова фаза, Vatican News го нуди првото од серијата видеа за тоа како се подготвува континенталната фаза, по пристигнувањето на документи од бискупско и национално ниво.
Група експерти од пет континенти, со различни вештини и ставови, ќе се сретнат од 23 септември до 2 октомври во Фраскати, во близина на Рим, за да развијат документ за втората фаза од синодалниот процес 2021-2023 година – континенталната фаза на Синодата и продолжува со процесот на расудување, дијалог и слушање. Во соработка со Генералниот секретаријат на Синодата, Дејвид Коста, млад снимател од Костарика, го документира искуството на Генералниот секретаријат на Синодата, промовирајќи серија видеа за време на оваа подготвителна фаза.
Во ова прво видео, Дејвид зборува за пристигнувањето на експертите во Рим и нивното заминување во Фраскати. Преку зборовите на Кристина Кенг, професорка по пасторално водство на Пасторалниот институт на Источна Азија и Исусовецот отец Дејвид М.Ц. Калум, извршен директор на Програмата за проникливо лидерство, Дејвид Коста ја документира задачата на овие професионалци и духот со кој тие се подготвуваат за оваа важна мисија.
Ватикан њуз/к.мк