Се сеќавате ли на монахињата која клекна пред полицајците? Повторно покажува неверојатна храброст
Фотографијата на чесната сестра како клечи пред полицајците во март го обиколи светот.
Во март оваа година чесната сестра Ан Росе Ну Таванг клекна пред полицијаците во Мјанмар и така спаси стотина демонстранти. Тоа беше сцена која се рашири на социјалните мрежи. Храбрата монахиња денес повторно ја покажува својата храброст помагајќи им на заразените од коронавирусот, јавува Алетеија.
Имено бидејќи протестите во Мјиткјни градот во кој монахињата живее заради пандемијата од коронавирусот се разредени, но и заради масовните апсења на демонстрантите, сестра Ан Росе сега се посвети на негување на болните во градската католичка клиника и на оние кои живеат во одалечените села во државата Качин.
„Постојат луѓе со симптоми на Ковид, но нема центар за нивно тестирање и луѓето немаат пари за тестови“, изјави таа. „Исто така им недостасува знаење за тоа како да одржуваат дистанца. Едноставно има премногу луѓе кои не знаат да се заштитат.“
На таа хуманитарна мисија се одлучила кога видела колкав број луѓе умират од коронавирусот, но и заради страдањето на нивните семејства. „Не можат да живеам со тоа затоа мислев дека морам да направам нешто. Па дури и да умрам додека им помагам, сепак тоа би го направила. Во спротивно ќе бидат загубени уште многу животи,“ порача чесната сестра.
Битно нет/к.мк