Сестра Еврозија Алоати: Милоста е во Господа

На ден 26.12.1920 година во 23.30 часот поткрепена со светите таинства: исповед, причест и елеопомазание на болните во Торино почина сестра Еврозија Алоати основателка на Сестрите Евхаристинки. Честопати сестра Еврозија Алоати изјавувала дека сака на смртниот  час Господ да ѝ каже: „Денес ќе бидеш со мене во рајот.” Затоа таа сакала да умре малку пред полноќ, за што, зборувала таа: „Ако умрам наутро Бог може да ме остави неколку часа во чистилиштето; ако пак умрам пред полноќ тоа денес ќе се претвори во веднаш. „Јас и другите пишува отец Мелхиор, брат на сестра Еврозија Алоати ѝ кажавме дека во вечнoста нема време, но таа одговори: „Добро во вечноста нема време, но јас додека сум жива, живеам во времето; ако умрам малку пред полноќ, божествениот младоженец ќе ми каже: денес т.е. веднаш дојди со мене во рајот.” „Светоста на целиот нејзин живот, восхитувачката нејзина предаденост во Божјата волја за време на долгата болест, вели отец Мелхиор ни даваат основа да се надеваме, дека Бог навистина ѝ кажал: „Дојди веднаш со мене во рајот”, но не треба, продолужува тој, да престанеме да се молиме за неа, зашто ако молитвите не се потребни за неа тие нема да бидат безполезни…” Погребена е на 28.12.1920 во 14.30 часот и нејзиниот ковчег бил поставен во новата гробница на оците лазаристи. Отец Мелхиор пишува: „Овде нејзините постмртни останки ќе чекаат подобри времиња да бидат пренесени при нејзините ќерки – Сестрите Евхаристинки, затоа над металниот ковчег има само крст со скромниот натпис: „Еврозија Алоати, 1920.“ Постмртните  останки на сестра Еврозија Алоати пренесени се во генералната куќа на Сестрите Евхаристинки во Софија на 28. јули 2005. година. Нејзините останки почиваат во капелата на генералната куќа и секоја сестра и секој друг човек може да се обрати до неа за нејзино застапување пред Бога. Нејзиниот живот и дела беа посветени за слава на Бога во лицето на секој човек кој доаѓал во контакт со неа и бил во потреба. Досега многу луѓе имаат добиено благодети од Бога молејќи се со посредство на сестра Еврозија Алоати. Сестрите Евхаристинки секој ден молат молитва за застапување на нивната основателка пред Бога, а може да ја моли секој кој бара помош од Бога со нејзино посредство. Секој кој ќе ја добие потребната благодат од Бога молејќи ја таа молитва, ве молиме, нека се обрати до Сестрите Евхаристинки.

Молитвата:

Вечни Оче кој си распалил во душата на својата скромна служителка сестра Марија Христина Алоати, силна љубов кон Исуса Евхаристија и си ѝ вдахнал неугасена жед на пожртвованост за неговото опознавање, за издигање и распространување на неговото почитување меѓу источните народи ти се молиме, како знак на твојата доброта кон неа да нѝ ја дадеш благодатта која од тебе ја просиме. Амин. Оче наш…, Радувај се Маријо…, Слава на Отецот ….

(Сестри Евхаристинки –  Гевгелија Од „Добротворното дело на отец Јосиф Алоати и сестра Еврозија Алоати“)

Категорија: духовнитекстови

За авторот