Семејство Франушиќ: Многу потешко на крај излегуваат луѓе со едно или две деца отколку ние со десет

Семејството Франушиќ од Дубровник привлече внимание на многумина минатата недела на сцената на Светото Семејство пред црквата „свети Влах“. Со своите девет деца и во очекување на десетото, тие оваа година ги глумеа Јосиф и Марија. Без сомнение ги воодушевиле сите оние кои таа вечер пристигнаа пред црквата.

Во таа прилика епископот Мате Узиниќ им упати пригодни зборови велејќи дека поради својата храброст и отвореност за животот покажале како Исус секогаш ќе има место во нивното семејство и дека тие ќе го прегрнат. Одлична пригода за разговор со ова големо, среќно семејство. Томислав и Маријана Франушиќ нѐ примија во својот дом полн со љубов, топлина, радост и детска смеа. Ја отворија вратата на својот дом и своите срца да раскажат за како изгледа нивното секојдневие, како се справуваат со коментарите од средината и како го слават Божиќ. Кажуваат дека не мислат дека се нешто посебно, само автентично ја живеат својата вера, а пред се благодарни се на Бог што ги благословил со толку деца.

„Сѐ оди на слава Божја, ние тоа го веруваме и знаеме. Многу ни честитаат, многу се чудат и сметат дека сме малку заостанати, но ние не сме одлучиле туку така да бидеме отворени за живот и да ги примаме децата“ ја започнува својата приказна Томислав Франушиќ.

Истакнува како тој и неговата сопруга не планирале да имат големо семејство и признаваат дека замислувале лесен живот, еден мал стан, две деца за да можат да имат време за себе и да ги испланираат работите како што сакаат.

Но, во животот ништо не е случајно и обично се случува спротивното од тоа што сведочи Томислав.

„Се случија низа настаните во мојата историја преку која го запознав Бог и видов дека Бог има за нас нешто многу повеќе, а тоа е ова семејство за кое денес живеам заедно со десетото дете кое е на пат.“

Има доста коментари и многумина се чудат и мислат како успеваат да се организираат со девет деца, сигурно немаат време за ништо.

„Секогаш им кажувам на луѓето со кој разговарам и се фаќаат за глава и прашуваат како е тоа можно, дека е многу можно. Гледам дека многу потешко на крај излегуваат луѓе со едно или две деца отколку ние со десет. Не велам дека сме некои супер луѓе, далеку од тоа. Ние сме најобични луѓе, живееме нормален живот, се караме, се помируваме, се бориме, но и во оваа борба се потпираме на Бог. Да се потпиравме на своите сили и на својот памет, тогаш најверојатно би „пукнале“ раскажува Томислав опкружен со своето најголемо богатство. Во разговорот се вклучува и неговата сопруга Маријана која ни раскажа дека на почетокот им дозволила на луѓето да се чудат.

Тоа на луѓето им е страшно необично, а јас не гледам така затоа што тоа е мојот ден, мојот живот. Кога гледам семејство со малку повеќе деца, можеби четири и мајката едно турка во количка, а останатите од сите страни исто би помислиле „Боже помогни на ова жена, не и е лесно со толку деца да излезе на крај затоа што сите нешто бараат“. Некако ги разбирам овие луѓе кои ме прашуваат и се чудат. Ние никогаш немаме некој подготвен одговор. Велиме одиме секој ден полека храбро. Вистина, има тешки денови, но никогаш не се предаваме туку секогаш се надеваме, раскажува.

На семејството Франушиќ им помага една катекуменска заедница во Црквата и се запознале на Неокатекуменскиот пат.

„Понекогаш сите имаме некои проблеми и потреби и драгоцено е да имаш некои луѓе со кои можеш духовно да споделиш одредена состојба и ситуација, борба, радост и тага. Тоа се семејства слични на нас, кои се отворени за живот, но не само млади семејства, тука и стари и млади луѓе, повеќе или помалку образовани, од села и од градови. Тоа што нас нѐ обединува не е никаков материјализам, пари, идеја ниту некакво теоретизирање туку една вистинска жива Црква на различни луѓе кои се собрани околу Бог“ вели Томислав. Нагласува дека во такво големо семејство има подршка од таква заедница првенствено во молитва, а потоа во заедништво, помошта околу воспитувањето на децата навистина значи многу.

Ова семејство животот го засновува на три олтара: олтар во Црквата каде се слави Евхаристија, олтар во брачниот кревет каде се создава нов живот и олтар на семејната трпеза каде се јаде и моли Словото Божјо и каде се слави неделните утрински пофалби со децата, читајќи псалми, извадоци од Евангелието.

Посебно искуство им било приспособување на живи јасли пред црквата „свети Влах“. Ги повикале од Советот за млади на Дубровничката бискупија, а тие многу радосно прифатиле затоа што во тоа виделе една можност за евангелизација на млади односно навестување на Евангелието на еден специфичен начин.

„Мислам дека беше прекрасно. Децата уживаа и тоа го видовме кога подоцна дојдоа да се фотографираат со нас. Тие навистина во нас видоа свето семејство при што мојата жена рече дека ние за тоа не сме достојни“ вели Томислав, а неговата сопруга додава како „Светото Семејство треба да биде пример на секое семејство било на нас со десет деца или на некои со едно или три. Светото Семејство е едноставно, скромно, со благодарност прифаќа сѐ, верува, оди напред, така и на бас ни беше чест што го глумевме во таа претстава за прв пат.“

Божиќ во нивното семејство не се темели само на подароци. Како го прославуваат накратко раскажа Томислав.

„Ние на Бадник започнуваме да го славиме Божиќ и правиме една мала семејна процесија каде што најмладиот член на семејството кој оди, го носи малиот Исус, второто дете носи свеќа, третото молитвеник, четвртото Библија и одиме еден зад друг и пееме Божиќни песни. Ја палиме свеќата во мракот така тоа симболично ни е знак дека дојде светлината која ја разбива оваа темнина. Кога ќе го донесеме малиот Исус под елката, ја палиме свеќата на елката и пееме божиќни песни и молиме. После тоа ги поделуваме подароците на децата, во центарот е мала куќна литургија на која децата, а и ние уживаме. Па не славиме Божиќ само со подароци и материјални работи туку вистински го обележуваме.

„Не би сакал никого да осудувам и јас често упаѓам во таа гужва, но она што сметам дека единствено е важно во овој Божиќ е навистина да влезе мир во семејството, Христос да може да се роди во човечкото срце, во заедништво со семејството и да може распеани и понизни да го дочекаме Божиќ. Секако дека со тоа оди и свечен ручек и колачи и неколку подароци. Ништо немам против тоа. Најлошо е сега да ги осудувам луѓето дека се вакви или такви. За жал тоа ни го правам медиумите и тие паднале во таа игра со рекламите, програмите со божиќни филмови кои се бајки. Не е важно дали сѐ ќе биде чисто и подготвено, важно е дека е Божиќ и дека сме заедно, согласни.

Семејството Франушиќ на крајот упатија порака до сите млади кои се подготвуваат да бидат родители, да не се плашат. Само еден чекор направете кон Господ и Он ќе направи три кон вас.

Госпоѓа Франушиќ од свое сопствено искуство кажува дека Бог со секое дете им дава сѐ повеќе материјално, а уште повеќе и духовно.

„Нашето заедништво, односите, сѐ е многу подобро и тоа на сите го сведочиме. Некои поверуваат, некои не, некој ни велат охрабрувајте нѐ нас, придвижувајте нѐ, само храбро напред и тоа ни е мило. Не можам да кажам дека случајно сме станале големо семејство затоа што ништо не е случајно, но немавме такви планови и ние секој ден се изненадуваме во Божјата љубов и добрина кон нас. Млади бидете храбри и покрај тоа сѐ што се случува во денешниот свет, да не ве поколеба тоа. Ни се свртевме кон Црквата која е голем патоказ за нас. Мајка и Учителка.“

„Да големо семејство сме, но имаме доволно, па дури можеме да помагаме на другите. Така сега Бог ни дава. Некогаш и не треба да му пружиш сѐ материјално на детето. Најважно е она духовното што не се гледа, подршка, љубов, разговор, охрабрување“ заврши гордата мајка.

Лаудато/Д.И.

Категорија: Сведоштва

За авторот