Семејството Антонио и Марина Пакетови поклони путир на црквата Свети Иван Крстител – Струмица

Во недела 5 октомври 2014 година пред почетокот на светата Литургија во црквата Свети Иван Крстител – Струмица беше благословен новиот путир и дискос. Овој дар за црквата во Струмица е поклон од семејството Антонио и Марина Пакетови со децата Елена и Крсте.

По благословот на путирот и дискосот о. Гоце Костов заблагодари на семејството Пакетови за дарот и ги препорача на верниците во нивните молитви. Потоа следуваше света Литургија со новиот путир и дискос.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот