Свештенички духовни вежби во Охрид 2013

Од 15 до 18 октомври во Охрид во Католичкиот пасторален центар – Свв. Кирил и Методиј – се одржуваат годишните Свештенички духовни вежби. Водител на Духовните вежби е Н.В.П. д-р Ратко Периќ, мостарско-дувански и требинскo-мркањски бискуп во БиХ. Заедно со својот бискуп Н.В.П. д-р Киро Стојанов на духовните вежби се присутни скоро сите свештеници од Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија, (освен оние кои се оправдано отсутни поради неодложли обврски – дон Мато Јаковиќ, дон Давор Топиќ и о. Георги Ангелов). Тема на размислување во предавањата на водителот монс. Периќ се – Некои Исусови параболи, од Матеј, Лука и Иван: Свадбено повиканите/ необлечениот гостин; Работници во Господаревото лозје; Добриот пастир и верното стадо; Таткото и изгубените синови; Фарисејот и цариникот… Во првиод ред од лево стојат: дон Анте Нижетиќ, проте.стаф. Ѓорги Трајков, о. Тома Ангелов – декан, Н.В.П. Ратко Периќ, о. Оливер Тантушев, Н.В.П. Киро Стојанов, монс. Антун Циримотиќ, о. Гоце Костов. Во вториот и третиот ред од лево: Илија Стојанов, Спасе Спасов, м-р Атанас Сирачев, о. Спасо Ристов, о. Ристо Самарџиев, м-р Ванчо Назов, о. Димитар Ташев, о. д-р Зоран Стојанов, о. Ѓорги Динов, дон Хуан Кастро, о. Тони Ангелов, о. Ѓорги Појразов, о. Марјан Ристов, Зоран Ангелов, о. Трајче Ташев и Силвер Митев.

З.И.С.

Категорија: Македонија

За авторот