Шест членови на Дружбата на браќата на Пресветото Срце се киднапирани од вооружена група на 23 февруари 2024 година, а еден свештеник е киднапиран по света Литургија во Порт-о-Пренс. Бискупот Думас, кој беше повреден во експлозијата, е опериран.
Браќата од заедницата Пресветото Срце во моментот на киднапирањето биле на пат кон училиштето „Иван XXIII“ на Хаити. „Се молиме за нивно ослободување и за крај на ова зло на несигурност“, се вели во соопштението на локалните монаси, кои посочуваат дека училиштето е единственото што сè уште работи во ризичната област во центарот на главниот град Порт- о-Пренс. Во истиот град, во квартот Bicentenaire, е киднапиран свештеник кој само што ја завршил светата Литургија во капелата „Пресвета Богородица Фатимска“.
Исто така е објавено и дека монс. Пјер-Андре Думас, бискуп на Ансе-а-Во и Мирагоан бил подложен на две операции откако беше повреден во експлозија во куќата каде што престојувал за време на посетата на Порт-О-Пренс. Прелатот е подобро според локални извори, а наскоро би требало да биде префрлен во болница во Миамиј.
Несигурноста останува и понатаму многу присутна на Хаити поради силната политичка нестабилност и полициските сили кои не можат да им се спротивстават на вооружените банди. Свештениците и монасите често се мета на киднапирања од страна на групи криминалци кои веруваат дека црквата на Хаити е богата и дека може да го плати откупот. Пред еден месец вооружени лица киднапирале најмалку шест монахињи како заложници кога ја презеле контролата над автобусот со кој патувале и ги однеле во непознат правец. Потоа, на 21 јануари, по молитвата Ангел Господов, папата Фрањо побара нивно ослободување и се помоли за социјална хармонија и прекин на насилството. Неколку дена подоцна монахињите беа ослободени.
Ватикан њуз/к.мк