Се наоѓаме на тло кое во најраните христијански времиња било расадник на христијанството и ширење на Христовото евангелие во околните краишта. Свети Димитриј е фиданка од оној историски период кој за сите времиња останува постојана инспирација и пример како да се живее христијански и ни враќа со толку многу маченици кои нивното сведочење за Исус Христос го запечатиле со сопствената крв. Свети Димитриј останал со својата заедница, со својот народ, и останал цврст во своите убедувања, сé до маченичката смрт. Тоа е оној силен поттик кој остава длабока трага на современиците и кој на сите им дава дополнителна сила и одлучност да издржат до крај, по примерот на свети Димитриј, кои остануваат доследни на Исус Христос, но и на самите себе. Таквите луѓе длабоко се врежуваат во меморијата на една заедница или на еден народ и прераснуваат во постојано светло и патоказ кој останува за сите времиња.
Празникот на Свети Димитар потсетува на два факти. Првиот факт: тој е фиданка и плод од првите христијански времиња кои засекогаш остануваат инспирација и пример во следењето на Исус Христос. Во неговиот духовен раст секогаш се враќаме на почетоците, на изворот. Повик: „Да се вратиме на сопствените извори и на времето на првите маченици“, значи враќање на нивното воодушевување и на нивниот ентузијазам, на нивното сфаќање на христијанството и на Христовото евангелие, со свест дека да се биде христијанин значи со начинот на животот да се биде поразличен од другите и да се биде спремен овој свој избор секој ден и секој час да се потврди со сопствената крв. И вториот факт: свети Димитриј останал со својот народ и со својата заедница тогаш кога било најтешко дури и кога станувало збор за неговата глава. Ако самите на себе си угодуваме и ја чуваме сопствената удобност, ние како народ, како и некои други европски народи, многу бргу ќе исчезнеме. Во име на нашата благосостојба, многу бргу ќе ја одземеме блиската иднина на оние кои најмногу ги сакаме. Заради малку сопствено задоволство, ќе ја уништиме заедницата и народот на кој припаѓаме.
Свети Димитриј е сведок на верата и сведок за љубовта кон сопствената татковина, бидејќи до крај останал со своите и затоа историјата го памети и го почитува. Ако не сакаме да исчезнеме како песок од сцената на оваа историја, да учиме од начите сведоци и да бидеме денес сведоци на верата и на љубовта кон сопствената татковина.
Ивица Петањак/З.А./к.мк