Свети Атанасиј Велики

Свети Атанасиј Велики

Денес Црквата го празнува свети Атанасиј Велики, еден од најголемите бранители на христијанската вера.

Свети Атанасиј бил четириесет и пет години епископ, од кои седумнаесет години во различни интервали поминал во прогонство. Оваа насилна осаменост била уште поголма од целосното напуштање од страна на неговите соборци во верата. Но Атанасиј не останал неразоружан: бил принуден на бегство, се криел во пустината, се поистоветил со монасите од Теба, поминал четири месеци на периферијата на Александрија сокриен во гробот на својот татко. Не постоело зло кое можело да го надвладее; бил подготвен на сѐ со цел да го одбрани божеството на Словото. „Откако издржал во борбите за верата кои никако да завршат, откако извојувал многу победи благодарение на својата трпеливост, се упокоил во мир“, вели историчарот Руфин. Се чини чудно што овој епископ, кој на себе ја вовлекол омразата на сите непријатели Христови, не починал како маченик.

Атанасиј е роден во Египет, веројатно во Александрија во 295-296 година. Неговото детство се совпаѓа со периодот од Диоклецијановото прогонство. Сигурно тој имал познавање и примери од исповедниците на верата. На патот на неговото образование имале влијание елинистичката јасност и египетската енергија. Исто така познат е и престојот на Атанасиј во пустината каде доста време бил ученик на свeти Антониј. Атанасиј влегол во историјата во најкритичниот момент на Ариј; бил присутен на Никејскиот Собор во 325 година, каде што го придружувал својот епископ Александар.

Ариевата ерес, кој ја допира суштината на христијанската вера негирајќи го божеството на Словото, пуштил корени насекаде, особено во христијанскиот Исток каде што во нејзина корист, околу средината на IV век не само световната власт, туку го поддржувале исто така и епископи и филозофи. Свети Јероним напишал дека „Целиот свет со изненадување сфатил дека припаѓа на ариевата религија“. Во Египет, Атанасиј, сам против сите, додека ја спасувал од Бога откриената доктрина, бил исто така и единствениот глас кој што се кревал против поробувањето на духовната и цивилната моќ, со цел да ја утврди независноста на Црквата. Ниту императорите, ниту судиите не го плашеле. Кога во 333 година царот Константин се обидувал да го постави Ариј на поранешната положба, Атанасиј одбил да го прими во својата заедница и прифатил прогонство. Тоа било првото од многуте прогонства кое продолжило и за време на Константиј II, како и Јулијан Отпадникот кој со сите средства се обидувал да го врати поганството, па и на Валент кој воведел ново прогонство. Преку личноста на Атанасиј сакало да се удри по самата Црква, но Александрискиот епископ издржал. Неговите интелигентни дарби не се вообичаени; силата на неговиот карактер била соединета со претпазливост и сладост кои ги изненадувало неговите противници; еднаш ја спасувал верата, а во остатокот бил нетолерантен: знаел да удоволува, знаел да простува, неговите верници го сакале како негови синови, а монасите во пустината наместо да го негираат се ставале на негова служба. Личноста на Атанасиј била една од тие кои се наметнува; при што се чини дека ја персонифицира самата Црква. Еден историчар кажал дека сѐ додека човек како него стои на свои нозе, и покрај тоа што сите светски сили биле против него, играта сѐ уште е нерешена. Очигледно не се доволни човечките дарби за да се објасни една историска личност како него. Знаеме дека од неговата младост Атанасиј бил заљубен во Христос. Пред сѐ го фансцинирала Христовата човечка природа, и доволно е да се прелистаат само неколку страници од трактатот за „овоплотувањето на Словото“ за да се разбере до кој степен направил предмет на медитација. Атанасиј, сепак, не се осврнал само на теоретската гледна точка; ако имал длабоки интуиции за ова таинство, тоа било само заради тоа што го следел патот на евангелието, единствената валидна методологија.

„Кој ме сака, нему ќе му се покажам. Сакаш да ги разбереш зборовите на светците? Атанасиј за оваа мисла вели дека е потребно да се прочистат мислите и да се имитираат нивните животи, во спротивно не можеш да разбереш тоа што Бог им објавил. Сакаш да го разбереш Христос? – одржувај ја чиста својата душа и имитирај ја Христовата доблест, бидејќи само така можеш да разбереш нешто од Словото Божјо.“ Ова е патот кој Атанасиј го следел и го напишал како лично искуство на крајот од трактатот. Со својот живот ја живеал веерата; а од друга страна епископите од Египет и Либија биле тие кои веќе во 338 година го дефинирале како „една чесна личност, доблесен, вистински христијанин, аскет, автентичен епископ“. Ариј верувал да ја задоволи рационалната потреба на човекот изложувајќи го на едноставен, сфатлив и удобен начин она во што се состои Таинството на Троиството. Како може да биде исто така Бог, Синот, кој што од Него е роден: Не, Божјиот Син, велел Ариј, се нарекува Син во морална смисла. Атанасиј гледа многу понапред; гледа терор кој Ариј и неговите следбеници го разнебитуваат христијанството од неговите најсуштински вистини; гледа дека во основа на оваа доктрина Исус кој го откупил од гревот не е Бог, и дека неговата човечка природа не била таа која го откупила човештвото од гревот. Атанасиј вели: „Ако Христос првенствено не бил суштинска слика на Отецот, ако не е Бог, не би можел никого да го доведе до божеството; бидејќи самиот тој би бил само еден кој од друг примил божествена природа. Кој поседува нешто земено на заем, не може да им додели на другите, бидејќи тоа што го поседува не е негова сопственост, туку на дарителот, и тоа што го добил не служи за друго освен да го прикрие својот недостаток и својата голотија“. Атанасиј со овој свој став останал сам и нескротен, жесток бранител на правоверноста. Така на себе ја навлекол омразата на сите ариевци, кои употребувале секакво средство да се ослободат од него. Еднаш, помеѓу злонамерните епископи, кои биле присутни на Соборот, донесоа една жена која изјавила дека била заведена од епископот Александар, Атанасиј успеал да ја докаже неговата невиност, и заговорот го пресвртел против овие епископи кои тоа го испланирале. Во друг наврат, бил осуден дека го убил Арсениј, спископ на Ипсала. Сѐ лошо ќе завршеше, но Арсениј бил пронајден жив во Тир. Аријанците умно ги вклучиле римските императори во религиозната контраверзност, правејќи од тоа речиси политичка криза. Четири пати епископот од Александрија бил принуден на прогонство. Конечно, за време на Валент, можел да се врати во Александрија, и да остане таму сѐ до својата смрт, во 373 година. Никогаш не се одморил, но и не подлегнал на кривоверството. Со зборовите и пред сѐ со своите списи го продолжил своето дело со што бил неспоредлив шампион на правоверието.

Либеро/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот