Светиот Отец се заблагодари на Богородица за успешното патување во Светата Земја
Во вторник 27 мај 2014 година, кратко пред 11.00 часот, папата Фрањо повторно ја посети римската базилика Света Марија Велика, за да се заблагодари на Мајка Божја за успехот на своето патување во Светата Земја и да ѝ ги довери плодовите од ова поклонение.
Папата и поклони на Богородица букет цвеќе, а потоа неколку минути се задржа во молитва – рече кардинал Сантос Абрил и Кастељо, архипрезвитер на базиликата и додаде дека Светиот Отец после благодарната молитва се поздрави со присутните верници.
Според мислењето на кардиналот, Папата е многу задоволен од посетата на Светата Семја.
Ова е веќе девети пат од почетокот на понтификатот како Светиот Отец ја посетува базиликата. Околу 11.30 часот папата Фрањо ја напушти базиликата
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан