Светиот Отец на светата Литургија: Светиот Дух создава сѐ ново
Ватикан, 28.4.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо ја предводеше светата Литургија на која 44 лица примија света Тајна миропомазание од рацете на папата Фрањо. Миропомазаниците се на возраст од 11 до 55 години, пристигнати од целиот свет, некој од нив се од Нигерија, ДР Конго и Либан. На литургиското славење кое по повод Година на верата го организира Папскиот совет за промоција на новата евангелизација, а на плоштадот Свети Петар присуствуваа над 100.00 верници и поклоници. Во својата проповед папата Фрањо ги повика миропомазаниците да бидат постојани во верата и да „пливаат против струењето“, бидејќи не постојат потешотии и страдања од кои треба да се плашиме ако сме соединети со Бог. Неопходно е да се отвориме на делувањето на Светиот Дух, кој сѐ создава ново, ги менува луѓето и со нивна помош сака да го промени светот, рече Светиот Отец. (го*ко)