Светиот Отец за „бедните по дух“

Светиот Отец за „бедните по дух“

„Литургијата оваа недела пред нас ги става блаженствата кои воведуваат во големиот говор, познат и како „Говорот на гората“; „Магна карта“ на Новиот завет“ – рече папата Фрањо на почетокот на пладневниот наговор, на 29 јануари 2017 година, на плоштадот Свети Петар, во Ватикан.

Исус го започнува Говорот со зборовите „блажени се“, што значи „среќни“; продолжува потоа со условот за остварувањето и завршува со ветување. Мотивот на блаженствата, односно среќата не е во исполнувањето на поставениот услов: „да се биде беден по дух“ или „понижен“ или „прогонет“ – туку во последователното ветување, кое треба да се прифати со вера, како Божји дар – рече Светиот Отец.

Станува збор за наследување на Господ, при што во реалноста „пониженоста“ отвора нов хоризонт и се доживува преобраќање. Не може да се биде блажен без преобраќање, без способноста да ги цениме и живееме Божјите дарови – рече Папата. Задржувајќи се потоа посебно на првото блаженство: Блажени се бедните по дух, Папата објасни дека станува збор за оние кои ги прифатиле чувствата и однесувањето на сиромашните, кои во своите услови не се бунтуваат, туку се понизни, послушни, отворени се за Божјите милости – рече Светиот Отец.

Среќата на сиромашните по дух е двојна: со оглед на добрата и со оглед на Бог. Сиромаштвото на духот не е неопходно „одрекување“ туку способност за уживање во она есенцијалното (основното), во меѓусебната распределба; тоа е способност секој ден да се обнови чудењето заради добрата кои се гледаат во работите, без незаситна потрошувачка – што повеќе имам, уште повеќе сакам; тоа е „незаситна потрошувачка“. Тоа е она што ја убива душата и таквите луѓе не е среќни, ниту постигнуваат среќа – објасни Светиот Отец.

Во однос на Бог, бедниот по дух е благодарен и признава дека целиот свет е „благослов“ кој своето потекло го влече од Отецот Создател. Но, сиромаштвото на духот е и отвореност и послушност на Него, на Неговото господство – затоа што Он е Господ и Велик, а не јас кој поседувам многу работи – рече Светиот Отец.

„Бедниот по дух“ е оној христијанин кој не се доверува на себе, на своите материјални добра; не се потпира на сопственото мислење, туку со почит слуша и се приклонува на одлуката на другите. Девица Марија – како модел за првите плодови на бедниот по дух – потполно е послушна и отворена за Господовата волја – нека ни помогне да се свртиме кон Бог богат со милосрдие за да нѐ исполни со своите дарови, а посебно со изболството на своето простување.

Потоа Папата потсети дека денес се одбележува Светскиот ден на болните од Хансенова болест односно лепра и рече дека таа болест иако е сузбиена, сѐ уште ги погодува луѓето – посебно оние најсиромашните и маргинализираните. Затоа е потребно да се бориме против оваа болест како и против дискриминацијата која ја причинува. Охрабрувајќи ги потоа луѓето погодени од таа болест како и оние кои им помагаат, ги поздрави различните групи поклоници од Италија и странство. Повторно изрази близина на луѓето погодени од земјотресот во Централна Италија и ги замоли собраните верници, како и властите трајно да им бидат на помош и никаква бирократија да не биде пречка заради која треба да чекаат и – заради тоа – на крајот и да страдаат. Препорачувајќи се на крајот во молитвите, го отпушти мноштвото.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот