Светиот Отец го прими амбасадорот на Република Македонија при Светата Столица
По повод предавањето на акредативните писма, во петок 11 април 2014 Светиот Отец го прими во аудиенција г-дин Звонимир Јанкуловски , амбасадор на Република Македонија при Светата Столица.
Основни податоци за амбасадорот на Република Македонија при Светата Столица
Н.Е. г-дин Звонимир Јанкуловски е роден во Скопје на 7 окомври 1958 година. Тој е оженет и има син. Дипломира на Правниот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј – Скопје во 1982 година, а потоа докторира право на истиот факултет во 1990 година.
До сега ги има извршувано следните функции: асистент на Окружниот суд во Скопје (1982-1983); Асистент по јавно меѓународно право на Факултетот за криминологија при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје (1983-1990); Предавач по меѓународни односи и дипломатија на истиот универзитет (1991-1998); Шеф на експертскиот тим за подготовка на Извештајот на компатибилност на Законот на Република Македонија кон Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи ( 1996 ); Член на македонската делегација во преговорите за Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија (2000-2001); Раководител на Центарот за бегалци и проучување на миграционите движења на Институтот за социолошки истражувања, политика и правни работи на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје (1998-2000); Раководител на Центарот за национална безбедност и стратешки студии на Институтот за социолошки истражувања, политика и правни работи при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (2000-2002); Амбасадор и постојан претставник во Советот на Европа (2002-2005); Предавач и виш научен соработник на Институтот за социолошки истражувања, политика и правни работи при Универзитетот ” Св.Кирил и Методиј ” во Скопје (1998-2007); Декан на Правниот факултет на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (2008). Во моментот е предавач на истиот Универзитет и е визитинг професор на Евро Балкан во Скопје. Автор е на бројни книги и статии за човекови права.
РВ/го*ко