Светиот Отец ги посети бездомниците
По завршувањето на заседанието во синодската сала во четврток 15 октомври Светиот Отец ги посети бездомниците во новото преноќевалиште „Дар на милосрдието“, кое овие денови е отворено од Апостолската Добротворница во близина на Ватикан, а за таа цел просторијата е дарувана од Дружбата Исусова.
Во преноќиштето Папата е пречекан од монс. Конрад Крајевски, делител на милостината, патер Адолфо Николас, генерален поглавар на Дружбата Исусова и три сестри Мисионерки на љубовта, кои со волонтери служат во преноќиштето. Корисниците на преноќиштето со радост му изразија добредојде на Папата и му заблагодарија што конечно имаат кревет на кој можат да спијат. Папата ги поздрави и на сите 30 корисници им упати зборови на охрабрување и близина. Во преноќиштето се задржа околу половина час.
РВ/го*ко