Светиот Дух нè поучува во Христовата наука
Да се биде христијанин не значи на прво место да се припаѓа на одредена култура или да се вклопуваш во одредена наука, туку пред сè да го поврзеш сопствениот живот во секој негов аспект со Исусовата личност и преку Него со Отецот – рече Папапа пред молитвата Царице небесна на 15 мај 2016 година
Светиот ОТец истакна дека токму благодарение на Светиот Дух сите можеме да го живееме Исусовиот живот и Светиот Дух да нè поучува во секоја работа, односно единствено во она што ни е потребно: да љубиме како што љуби Бог: Поттикнувајќи да се отворат срцата за Духот, нагласи дека Тој е првиот и главен дар кој Исус го дони го дарува со своето воскресение и вознесение на небото.
Во Евангелието Исус на своите ученици им вели: „Ако Ме љубите, пазете ги моите заповеди. Јас ќе го помолам Отецот и Он ќе ви даде друг Утешител за да биде со вас довека.“ Тие зборови – објасни папата Фрањо – нè потсетуваат на љубов кон некој човек, а така се покажува и кон Господ не со зборови, туку со дела. Пазењето на заповедите треба да се сфати дека се однесува и го опфаќа целиот наш живот.
Светиот Дух исто така има функција на поучување и потсетување – рече Папата објаснувајќи дека Духот нè не поучува во нова наука поинаква од Исусовата, туку ја прави жива и присутна во нашите животи. Наговорот го заврши со молитвата до Блажена Дева Марија да ни „испроси милост, Светиот Дух силно да нè поттикне за да го сведочиме Христос со евангелска искреност и секогаш сѐ повеќе да се отвораме за полнината на неговата љубов.“
По молитвата Царице небесна потсети на својата порака објавена денес за овогодинешниот Светски мисиски ден, нагласувајќи дека Светиот Дух е Оној Кој дава сила на мисионерите ad gentes и го поддржува посланието на Црквата во целиот свет. „Нека Светиот Дух ни даде млади – момчиња и девојки – силни кои се способни да го навестуваат Евангелието. Да го молиме денес Светиот Дух за тоа“ – поттикна папата Фрањо.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк