Во просториите на парохиската куќа во парохијата Свети Димитриј и Падре Пио во Сарај, во четврток 23 септември се одржа Средба на млади, на тема: „Потребна ни е обнова и планирање за време на и пост Ковид 19 – Пандемијата“.
На средбата со свои кратки предавање, во вид на рекапитолар на Летниот камп оджан во месец јули во Охрид, учествуваа: Отец д-р Зоран И. Стојанов – Младите интелектуалци клучни во борбата на новиот начин на живот во заедницата; Отец Гоце Костов – Медиумите, можност за взаемна блискост во Ковид време; Отец м-р Ванчо Назов – Работата со Ранливите групи можност за напредок.
Во името на младите со презентација поврзана со учеството на Летниот Камп на младите во Охрид имаше Наталија Стојанова.
Младите од двете парохии во Струмица, Нова Маала, Чанаклија, Сарај, Петралинци и Радово, беа присутни со своите пароси о. Спасо Ристов, о. Ѓорге Појразов, о. Трајче Ташев, о. Ристо Самарџиски, о. Илија Стојанов и о. м-р Атанас Сирачев.
Ватикан њуз/к.мк