Салезијанскиот универзитет му додели почесна докторска титула на патер Ломбарди
Римскиот Салезијански Универзитет на отец Фредерико Ломбарди (72), директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, му додели почесен докторат од областа на комуникациски науки. Церимонијата за доделување беше одржана на 14 ноември во високообразовната институција во североисточниот дел на Рим. Заблагодарувајќи, о. Ломбарди ги спомна најголемите предизвици за ватиканските медиумски активности во последните неколку години
Медиумската активност би требало да ги поврзува луѓето, а не да ги заострува поделбите меѓу нив, истакна о. Ломбарди. Одлучно се спротистави на јавните дејности кои дополнително ги зголемуваат конфликтите. Како кулминација на неговата работа со медиумите го наведе известувањето за настаните поврзани со смртта и погребот на Иван Павле II, во април 2005. Во понтификатот на папата Фрањо Црквата општо позитивно се движи, но и тоа претставува предизвик за ватиканската медиумска активност. Со синодите во Црквата, кои започнаа со Синодата за семејството, го прикажуваат целиот понтификат и личноста на папата Фрањо, рече о. Ломбарди.
Портпаролот на Ватикан, исусовец, е по потекло од северна Италија. Тој дипломира во Исусовскиот факултет Свети Георги во Франкфурт. Веќе 25 години е носител на виски служби во Радио Ватикан. Во 2006 година е назначен за директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, а до пред две години ја водеше Ватиканската телевизија ЦТВ.
РВ/З.А.