Салата Павле VI премала за средбата на Папата со верениците
Папскиот совет за семејство јавува дека за средбата со папата Фрањо на 14 февруари, на празникот свети Валентин се пријавени повеќе од 17 илјади вереници од целиот свет. Со обѕир дека тој број го надминува капацитетот на салата Павле VI, папата Фрањо предложи средбата да се одржи на плоштадот Свети Петар.
Плоштадот ќе биде отворен од 9 чаот наутро. Во 11 часот ќе започне програмата со размислувања и сведоштва. Светиот Отец ќе им се приклучи на верениците точно напладне. За средбата не се потребни влезници, но се потсетува дека средбата е наменета за верниците кои се подготвуваат за венчавка.
Бидејќи капацитетот на плоштадот Свети Петар е голем, рокот за пријавување на верениците е продолжен до 12 февруари.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан