Рио де Жанеиро: Ватиканскaтa делегација ja прецизира посетата на Папата за Светскиот ден на млади

Рио де Жанеиро, 25.4.2013 /к.мк/ – Ватиканската делегација предводена од Алберто Гаспари одговорен за меѓународните патувања на Папата, се наоѓа во Рио де Жанеиро за подготовка на посетата на папата Фрањо, кој ќе учествува во Светскиот ден на млади од 23 – 28 јули. Според локалниот организационен комитет на Светскиот ден на млади, Гасбари имал средби зад затворени врати со архиепископот на Рио, со претседателот на локалниот организационен комитет, отец Орани Жоао Темпеста, со апостолскиот нунциј монсињор Џовани Д’Аниело и со претставници на федералните, државните и градските институции. Гасбари се заблагодари за вложените напорите до денес во сите сегменти од страна на владата и на волонтерите и потврди дека програма „потврдена во октомври и ноември минатата година ќе се реализира“. „Централниот дел на програмата“, според Гаспари, ќе биде „Бразил, Рио де Жанеиро и Светскиот ден на млади“. Потврдено е и учеството на Папата во централните моменти на средбата, приемот на Копакабана, Крстниот пат, бдеењето и завршната света Литургија, додека Литургијата за отворањето на Светскиот ден на млади ќе биде предводена од отец Темпеста, без присуство на Папата. Гаспари ги посети и местата на кои треба да се реализира програмата. (в.н.)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<