Во понеделник 21 јуни 2021 година дваесетина затвореници од најголемиот затвор во Рим, Ребибија, кој се наоѓа во предградието на Рим, беа примени во Ватикан од Папата.
Затворениците беа придружувани од затворски капелани, директорот и уште неколку членови на затворската администрација.
Во соопштението од прес службата на Светиот Престол не се наведуваат детали за разговорот на затворениците со Папата во Домот Света Марта. Гостите на Папата ги посетија и Ватиканските музеи.
Папата Фрањо на Велики четврток во 2015 година во затворот Ребибија служеше Вечера Господова, а на своите патувања често се сретнува со затвореници.
Ватикан њуз/к.мк