Реакција на патер Ломбарди за статијата на Скалфари

Во неделното издание на дневникот Ла Република (La Repubblica), се појави статија со потпис на Еугенио Скалфари, напишана врз основа на  неговата нова средба и разговор со Светиот Отец. Разговорот е пријатен и многу интересен, а ги допира, првенствено темите што ги отвораат раните на половото насилство кон малолетните лица како и ставот на Црквата во односот кон мафијата.

Во врска со споменатата статија реагираше портпаролот и директор на директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, отец Ломбарди. Исто како и за претходните настани за слични случувања како и тогаш, треба да се забележи, тоа што Скалфари му го препишува на Папата, ставајќи ги во наводници неговите зборови, се плод на неговото новинарско сеќавање, а не и прецизна транскрипција на некој звучен запис, уште помалку прегледан и авторизиран текст, од страна на тој што му се препишуваат тие и таквите изјави (Папата), смета отец Ломбарди. Тој додава дека не може да се каже, ниту смее да се истакне дека станува збор за интервју во вообичаена форма кое пренесува низа прашања и одговори, кои вистинито и сигурно ја изразуваат мислата на соговорникот.

Ако во целина може да се каже дека статијата ја пренесува смислата и духот на разговорот помеѓу Светиот Отец и Скалфари, треба да се забележи и тоа, како и во случајот на претхотното интервју за дневникот Ла Република, дека поединечните искази во пренесен облик, не можат на Папата да му бидат препишани со сигурност, смета отец Ломбарди. Како пример би го навел, тоа што важи за двете изјави кои предизвикаа големо внимание, а не можат да му се препишат на Папата. Се работи за изјавата дека меѓу педофилите има и кардинали, и дека Папата со сигурност рекол, во поглед на целибатот, дека ќе најде решение, истакна директорот на Канцеларијата за печат на Ватикан.

Во статијата што го објави Ла Република, овие две изјави јасно и недвосмислено се препишуваат на Папата, но она што е интересно, наводниците се на почетокот отворени, но потоа не се затвораат. Затворени наводници воопшто нема! Се работи за заборавеност или за јасен знак на манипулација на наивните читатели?, се прашува отец Ломбарди, упатувајќи со тие прашања јасна порака и повик на внимание, како при читањето така и при толкувањето или пренесувањето на објавените информации во споменатата статија

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот