Развој на сиромашните земји и заштитата на доселениците вистински предизвици за човечкото семејство

 Њујорк, 29.4.2013 /к.мк/ – Развојот на сиромашните земји и заштита на доселениците се реални предизвици за човечкото семејство, рече архиепископот Хуликат, постојан набљудувач на Светата Столица во Обединетите нации на заседанието на комисијата за население и развој на 24 април. Говорејќи за човековите права, архиепископот ја истакна должноста на државите да ги заштити доселениците. Државите имаат и морална обврска да ги почитуват човековите права и човековото достоинство на доселениците.

Најголемиот дел, околу 60 милиони мигранти, чиј број е во пораст, се доселени во земјите во развој, а доселените семејства во тие земји овозможуваат човечки ресурси, кои не може да ги обезбеди домашното население, бидејќи стапката на плодност е под нивото на нормален прираст на населението. Доселувањето на овие земји им носат бројни предности и затоа тие земји треба да им гарантираат правна заштита на доселениците, истакна архиепископот. Остро го критикуваше негативното влијание предизвикано од политиката за контрола на населението. Ги нарече драконски и погрешни, бидејќи се наметнати со сила штетни сфаќања кои предизвикаа последици во многу земји, како и последици за бракот, семејството, негирањето на право на живот на зачнатите деца, практикувањето абортус и принудна стерилизација. Напротив државите се должни да ги помагаат семејствата, темелна клетка на општеството, за да се гарантира помош на институцијата за која мора да се води грижа за идните односи, заврши архиепископот Хуликат.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<