Радосната вест е порака на надеж, утеха, мир и љубов

Во наговорот на 3 јуни 2016 година светиот Отец рече дека Радосната вест која „работниците“ од денешното Евангелие треба да ја донесат на сите е пораката на надеж и утеха, мир и љубов. Ученикот Христов нека биде свесен и за опасностите и бариерите кои на патот му ги поставува злото – порача Папата

Драги браќа и сестри, добар ден!

Денешната евангелска страна 10. глава од Евангелието според Лука ( 1-12. 17-20), прави да разбереме колку е потребно да го повикуваме Бог Господарот на жетвата за да испрати повеќе работници на својата нива (ред 2). „Работниците“ за кои Исус зборува се мисионерите за царството Божјо, кои Тој самиот ги повикал и ги испратил двајца по двајца пред себе во секој град и место каде што имал намера да оди (ред 1). Нивната задача е да ја навестуваат пораката на спасение упатена на сите мисионери кои секогаш ја навестуваат пораката на спасението на сите, но не само мисионерите кои заминуваат далеку, туку и ние мисионерите христијани кои ќе кажеме некој убав збор за спасението. А тоај е дарот кој Исус ни го дава во Светиот Дух. И затоа можеме да кажеме: „Се приближи царството небесно“ (ред 9). Исус всушност ни го „приближи“ Бог; Бог се направи еден од нас (луѓето); во Исус меѓу нас владее Бог, неговата милосрдна љубов го победува гревот и човечката беда.

Тоа е радосната вест која „работниците“ треба да ја донесат на сите: пораката на надеж и утеха, мир и љубов. Исус кога ги испраќа своите ученици пред себе по селата им препорачува: „прво кажете: „Мир на таа куќа!“ (…) лекувајте ги болните што се во него.“ Сето ова значи дека Божјото царство се гради ден по ден и веќе на оваа земја ги нуди своите плодови на преобраќање, очистување, љубов и утеха меѓу луѓето. Тоа е убаво! Да се гради ден по ден Божјото царство… Не да се уништува, туку да се гради.

Со каков дух Исусовиот ученик треба да го врши ова послание? Пред сѐ треба да биде свесен за тешката, а понекогаш и непријателска реалност која го очекува. Исус не ги штеди зборовите кога зборува за тоа! Но Исус навистина вели: „Ете, Јас ве праќам како јагниња меѓу волци“ (ред 3). Јасно знае Исус дека непријателството е уште од почетокот на прогонот на христијаните и дека оваа послание е отежнато со бариерите на ѓаволското делување. Заради тоа евангелскиот работник се труди да се ослободи од секој вид на човечки условености, не носејќи со себе „ни ќесе, ни торба, ниту обувки“ (ред 4) како што Исус препорачал за да се доверат единствено во силата на Христовиот крст. Тоа значи да се напушти секој мотив за лична придобивка, кариера и глас за моќ и да се направи понизен со средствата за спасение кои делуваат преку жртвата на Христос за нас умрен и воскреснат.

Посланието на христијанинот кој живее во светот е прекрасно; посланието е служењето и е упатено до сите; никој не е исклучен; тоа бара многу великодшност и пред сѐ поглед и срце воздигнати во висина за да ја повикаме Господовата помош. Многу е потребно христијаните со радост да го сведочат Евангелието во секојдневниот живот. Учениците кои Исус ги праќа „се вратија со радост“ (ред 17). Кога така работиме срцето ни се исполнува со радост. Овој израз ме поттикнува да мислам колку Црквата се радува и весели кога своите деца ги гледа како ја примат и прифаќаат Радосната вест благодарение на посветеноста на толку луѓе кои секојдневно го навестуваат Евангелието: свештеници, изворедните пароси (кои сите ги познаваме), чесните сестри и монасите, мисионерите и мисионерките – и се прашувам – слушнете го прашањето: Колку од вас младите сега присутни на плоштадот го слушате Господовиот повик за да го следите? Не плашете се! Бидете храбри и на другите носете им го факелот на апостолската ревност кои сме го примиле преку овие примерни ученици.

Да го молиме Господ преку заговорот на Дева Марија во Црквата никогаш да не недостасуват великодушни срце кои работат на тоа на сите да им ја донесат љубовта и нежноста на небесниот Отец.

Ангел Господов…

Драги браќа и сестри…

„Сакам да ја изразам својата близина со семејствата на жртвите и ранетите во вчерашниот атентат во Дака како и со оние во Багдад. Да молиме заедно. Да молиме заедно за нив, за нивните покојни и да го молиме Господ да ги преобрати срцата на насилниците, заслепени со омраза.“ Радувај се Маријо…

Светиот Отец потоа ги поздрави верниците од Рим и ходочасниците од Италија и од другите земји и многубројните други ходочасници и верници. На крајот истакна дека му е мило што следната среда во Светата година на милосрдието ќе го прослави споменот на света Марија Горети девојка маченица која пред својата смрт на својот убиец му простила. „Оваа добра девојка заслужува заради тоа и аплауз од целиот плоштад“ – рече Папата поттикнувајќи ги собраните верници на аплауз во чест на светата маченичка.

„На сите ви посакувам пријатна недела, ве замолувам да не заборавите да молете за мене!“ – рече на самиот крај од пладневнито наговор Светиот Отец поздравувајќи ги присутните со својот вообичаен поздрав.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот