Радово: Крстен пат на Велики Петок

Радово: Крстен пат на Велики Петок

Во парохијата Свети пророк Илија во Радово преку целиот Велигденски (Велики) пост се моли Крстен пат. Од 2008 година завршниот Крстен пат за Велигденски пост на Велики Петок се моли по улиците на Радово и тоа се молат сите постојќи распоредени на 748 метри колку што се верува дека траела Калварија на Нашиот Господ Исус Христос до Голгота.7363-1

И на овогодишниот Крстен пат, кој се молеше на 6 април 2018 година, учествуваа сите членови на парихијата и некои верници од околните места. Крсниот пат заедно со свештениците го организираа младите од Радово, со сопствено учество и учество на цели семејства во носењето на постојките. Секогаш се моли пред обредот на погребение на Господ наш Исус Христос.

к.мк/з.и.с.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот