Прославен патрониот празник на црквата во Бистренци

Бистренци, 28.4.2013 /к.мк/ – Црквата свети Јосиф – Бистренци во недела 28 април по втор пат го прослави својот патронен празник, откако е обновена и го доби својот нов изглед. На вчерашната Литургија присуствуваше Н.В.П д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија кој во својот говор ги охрабри верниците да го живеат Словото Божјо и при тоа го даде за пример ликот на свети Јосиф и светото Семејство. Присутни беа свештеници од повеќе парохии, чесни сестри и голем број на верници од регионот како и жители од селото Бистренци на чело со претседателот на месната заедница. Н.В.П монс. д-р Киро Стојанов беше поздравен со многолетствие и воедно беа упатени честитки за годишнината од неговата хиротонија. Со честитките беше изразена и благодарноста за неговата искрена татковска и пастирска грижа, како и желби за многу Божји милости во пастирската дејност.

На светата Литургија беше присутен и дедо Киро Делијанов, 93 годишен верник кој престојува во домот за стари лица во Неготино. По светатаЛитургија следеше заедничко дружење дружење во дворот на црквата. (м.т.)

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<