Прославен патрониот празник на црквата во Бистренци

Со Светата архиерејска Литургија предводена од Н.В.П д-р Киро Стојанов, во заедништво со свештеници од Апостолскиот Егзархат и со присуство на голем број верници во недела 26  април 2015 година беше прославен патрониот празник на црквата во Бистренци посветена на Свети Јосиф.

Епископот Стојанов во својата проповед зборувајќи за ликот на свети Јосиф работник го истакна како пример за нас христијаните, како и за поврзаноста на трудот и духовноста.

Меѓу присутните беше и претседателот на месната заедница г-дин Живко кој заедно со своите сограѓани секогаш се отворени за соработка и меѓусебно помагање. Тоа го потврдија со претпразничното уредување на дворот и внатрешноста на црквата. На светата Литургија присуствуваа и верници од Неготино, Кавадарци и Демир Капија.

Во дворот на црквата од страна на верниците беше организирано освежување и дружење.

к.мк/о.Д.Т.

Категорија: Македонија

За авторот