Во сабота на 28 август 2021 година по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, во истоимената парохиска црква во Нова Маала, беа служени 2 свети Литургии: во 7.30 и во 9.00 часот.
На првата света Литургија, која се служеше во 7.00 часот о. Спасо Ристов во проповедта ја нагласи Исусовата послушност кон Марија: сѐ што ќе ви рече, направете (Иван2,5).
Во проповедта на втората света Литургија о. Марјан Ристов ја нагласи важноста на духовниот живот наспроти материјалниот култ кон телото кое што е се’ поприсутно во денешниот живот во 21 век кој воедно претставува и век на најголем технолошки напредок.
Пред празникот како дел од духовната подготовка имаше тродневница со Молебен кон Пресвета Богородица, при што верниците имаа можност и за света Исповед.
На крајот парохот о. Спасо Ристов се заблагодари на Бога и Пресвета Дева Марија за убавиот ден и на присутните им го честита патрониот празник.
к.мк