Прославен Златниот јубилеј на сестра Вита Тонева – Усмиленка

Прославен Златниот јубилеј на сестра Вита Тонева – Усмиленка

На празникот Свети Јосиф работник, 1 мај 2023 година, во Катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје со понтификална света Литургија предводена од Н.В.П. монс. Киро Стојанов, беше прославен Златниот јубилеј на с. Вита Тонева.

Истоврмено Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов го прослави 24 години од неговата хиротонија – посвета за епископ на 1 мај 1999 година во Скопската катедрала.

Во концелебрација со бискупот беа патер Винко Маслаќ, катедрален парох, патер. Маријан Бешлиќ, катедрален викар, отец д-р Зоран Стојанов, директор на Македонски Каритас, отец Марјан Ристов, канцелар и економ, отец Лојзе Гајша, регионален духовник и отец Павле Новак, провинцијален духовник. На свечената света Литургија присуствуваа Сестри Усмиленки од Македонија и странство како и мноштво верници. За време на светата Литургија пееше Катедралниот хор.

Во својата проповед бискупот Стојанов зборуваше за свети Јосиф работник при што го истакна неговиот пример во животот на с. Вита и рече: Божјиот глас и нејзе уште мала во своето родно Нова Маала и довикна: Дојди и следи ме во семејството на свeти Винко. Таа во семејството на свети Винко, во Општеството на Милосрдните сестри или попознати кај нас Сестри Усмиленки учи според правилата на свети Винко да ја исполнува Божјата волја и да служи на Божјата љубов. Служејќи за Исус и Марија преку нив ја исполнува својата харизма служејќи им на сиромашните и потребните. Настојува да го љуби Исуса како што го љубеше и свети Јосиф, хранител Негов и свршеник на Богородица.

За Исус и Марија работи, за Исус се жртрвува и 50 години не може ништо да ја оддели од љубовта кон Исус.

Да, тоа е вистина, да се предадеме целосно на Бога. Таа, како и Свети Јосиф, но така и ние да живееме и работиме за Исус, и пред сѐ да го љубиме, истакна бискуп Стојанов.

Честитајќи и го Златениот јубилеј, 50 години посветен живот бискупот Стојанов посака свети Јосиф и неговата Безгрешна Свршеница и свети Винко да и помогнат уште повеќе да расте во љубовта кон Исуса и да остане секогаш обединета со Него во Неговата неизмерна милост!

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот