Програмата за патувањето на Папата во Шведска

Папата Фрањо на 31 октомври патува во дводневна посета на Шведска по повод заедничка лутеранско-католичка комеморација на реформацијата.

Иако веста за тоа патување веќе ја објавивме, на 26 септември 2016 година добивме нови информации за ова патување. Светиот Отец околу 8.15 часот ќе отпатува од римскиот аеродром Фумичино кон градот Малме во Шведска. Пристигнувањето е предвидено кратко по 11.00 часот.

По пристигнувањето на аеродромот е предвиден службен пречек на кој папата Фрањо ќе го пречека шведскиот премиер Стефан Лофвен. По службениот пречек Папата ќе замине во кратка посета на царското семејство во нивната палата Кунгсхусетt во Лунд која е предвидена во околу 14.00 часот, по што Светиот Отец ќе учествува на екуменската средба која ќе се одржи во катедралата во Лунд. Таму ќе одржи пригоден говор.

На крајот во 18.10 часот ќе се сретне со екуменските делегации во арената Малме во истоимениот град. Следниот ден на 1 ноември на празникот на Сите Светии папата Фрањо со почеток во 9.30 часот ќе го предводи свеченото литургиско славење на Свидбанк стадионот во Малме каде што ќе одржи проповед, после што ќе се упати кон аеродромот каде за Папата е предвидено службено испраќање со што ќе ја заврши својата посета на Шведска. Враќањето на Светиот Отец во Рим е предвидено во попладневните часови.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот