Пресвета Богородица и Мајка Тереза

Обликувана со љубовта на Марија

Мајка Тереза без Пресвета Богородица ништо не правела. Секогаш во раката носела Бројаница дури и кога нешто друго работела. Кога ја прашале зошто држи Бројаница кога очигледно не моли одговарала дека тој е нејзиниот начин за да се потсетува дека Пресвета Богородица ја држи за рака.

Важни се четири ставови за Пресвета Богородица да може да посредува во нашиот живот:

Понизност, сиромаштво во духот, едноставност

„Никој не е ја прифатил поуката за понизноста толку добро како Марија. Таа беше слугинка. Да се биде слугинка значи да се биде на располагање на било кој, да се биде на располагање на другиот со целосна доверба и радост.“

Доверба

„Нека секоја сестра ја избере Пречистата Царица на небото за своја Мајка. И не само да ја љуби и почитува, туку да и побрза со детска доверба во своите радости и таги.“

Послушност

Контемплација: Детско чудење при гледање на Божјите созданија

Мајка Тереза сфатила дека Срцето на Пресвета Богородица – што значи нејзината душа, нејзината внатрешност, благодатта која ја носела во себе – не бил само свет простор во кој може да се престојува и да се слуша гласот на Распнатиот, туку тоа е и дар кој Пресвета Богородица може со нас да го сподели. Затоа Марија можеме да ја молиме да нè чува во своето срце, да ни го позајми своето срце за да можеме како Таа да го љубиме Господ и ближниот.

Кога се соочувала со било каква тешкотија голема или мала, Мајка Тереза целосно се доверувала на Пресвета Богородица и нејзината помош.

„Молете ја Нашата Богородица да нè чува во своето Пречисто Срце така да можеме да го љубиме Исус со неподелена љубов, со чиста љубов како што е нејзината.“

Три чекори се важни во нашиот однос со Пресвета Богородица: средба, слушање и посветување.

Средба: Мајка Тереза поучувала дека на Пресвета Богородица не треба само да и се молиме, туку треба со Богородица заедно да живееме, секој ден со Неа да се среќаваме. Тоа од нас бара не само вера, туку исто така и подготвеност да вложиме време да се повлечеме и да бидеме со неа.

Штом ќе ѝ ја дадеме својата согласност Пресвета Богородица ќе започне да ги организира настаните и деталите во нашето секојдневие. Нашиот живот така сѐ повеќе ќе станува милосна авантура. Ако секој ден се среќаваме со Марија доверувајќи за сè на неа, таа постепено го интегрира секој аспект од нашиот живот, градејќи го со милостите и таинството на својот Син како што е видливо од животот на Мајка тереза.

„Со Марија повеќе ќе напредуваме во љубовта кон Исус во еден месец отколку во текот на годината кога помалку би биле соединети со ова добра Мајка.“

 Послушност: Марија има нешто посебно за секој од нас заради што ни се обраќа. Не мора да слушнеме гласни, неразбирливи зборови. Повремено Мајка Тереза ја слушала Богородица како јасно говори во нејзината душа, но обично таа едноставна способност ја сфаќала преку верата. Мајка Тереза цело време внимателно ја слушала Марија. За тоа е потребна отвореност на умот, но и покорност.

Слушањето на Пресвета Богородица бара длабока вера во нејзината вклученост во мојот живот, вера дека Таа за него има конкретен план.

„Ако нашата Богородица не беше таму со мене тој ден, јас никогаш не би сознала што мислеше Исус кога рече „Жеден…“

Треба да ја молиме Богородица секој поединечно за да ни објасни како да ја задоволиме Исусовата жед.

Посвета: Посветата е чин со кој на Богородица и се укажува доверба. Мајка Тереза целосно се предала на Богородица, ја доверила во нејзините раце својата иднина. Кога се соочувала со искушенијата и секој вид на проблеми Мајка Тереза никогаш не се грижела. Сè препуштала на Богородица. За ова е потребна внатрешна дисциплина. Секојдневно во текот на годините треба на Пресвета Богородица да ги предаваме сите наши грижи, сомнежи, болки, проблеми, сè што се однесува на нас. Тоа е клучот за нашиот однос со Пресвета Богородица со кој ѝ дозволуваме да интервенира во нашиот живот. Без оваа посвета Марија нема слобода за дејствување во нас.

„Да и дозволиме на Мајка Божја целосна слобода, да се служи со нас за слава на својот Син. Испружи ја својата рака и цврсто стави ја во раката на Марија. Таа добро те познава. Никогаш нема да бидеш целосно Исусов, ако не е жива твојата љубов за Марија. Кажи ѝ на Марија да му каже на Исус дека немаш храброст, дека не гледаш светлина. Таа за тебе ќе испроси храброст и светлина.“

„Барајте секогаш од нашата Богородица сила за да можете да прифатите болка…“

Во близина на небесната Мајка

„Исус Христос на крстот преку својата Блажена Мајка во своето големо милосрдие и љубов избра едно од своите најневредни и најнеспособни човечки битија за да го започне своето дело меѓу сиромашните. Затоа заедницата во целост е и секогаш ќе остане целосно и единствено во сопственост на Мајка Божја. Мисионерката на љубовта мора секогаш да биде со Нашата Пресвета Богородица под Исусовиот крст… Живее во своето срце само за Исус преку Марија. Прави сè само за Исуса преку Марија.“

„Колку можеме да научиме од нашата Богородица: Таа била толку понизна затоа што целата била Божја.“

„Останете многу блиску до нашата Богородица. Ако тоа го правите ќе можете да правите големи работи за Бог и за доброто на луѓето.“

„Марија се испразнила самата себе за да може Бог да ја исполни со себе.“

„Марија е наш пример. Ни го покажува патот до Исуса. Да ѝ се молиме секој ден да биде наша радост, наша светлина на патот.“

„Да се предвиди потребата на другиот е почеток на светоста… Нашата Богородица во Кана мислела единствено на потребите на другите и тоа го пренесувала на Исус.“

Блажена Мајка Тереза моли се за нас, моли се целосно да и се предадеме на Пресвета Богородица! 

Стела-Марис/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот