Дали е несоодветно да се седи со прекрстени нозе во црква?

Дали е несоодветно да се седи со прекрстени нозе во црква?

Во црква, седењето со прекрстени нозе може да остави впечаток на прекумерна опуштеност и неформалност за време на литургијата.

Во говорот на телото, прекрстените нозе често изразуваат навика, удобност и опуштеност. Во некои ситуации можат да бидат знак на пријателска отвореност, особено ако стапалото на горната нога е насочено кон лицето со кое разговараме. Но истата положба, во одреден контекст, може да се протолкува и како знак на ароганција.

Ако, покрај нозете, се прекрстени и рацете, тоа обично укажува на одбранбен и затворен став, како лицето да не е подготвено да ја прими пораката на другиот.

Во црква, пак, седењето со прекрстени нозе најчесто се доживува како прекумерна опуштеност и неформалност во однос на богослужението. Таквата поза може да биде сфатена како недоволна почит кон светиот простор и кон она што се случува во него.

Црковниот бонтон препорачува да седиме исправено, со двете стапала на земја. Таквата положба изразува почит, внатрешна прибраност и молитвена сосредоточеност.

За да ги обедини и обнови телесните положби на верниците за време на литургијата, Црквата јасно ги утврдува соодветните положби за време на светата Литургија.

Сепак, најважно е надворешните постапки да бидат во хармонија со ставот на срцето. Срцето е постојано повикано да „клекне“ во понизност пред Господ, а телото треба со почит да го изрази она што душата го живее пред Бога.

Алетеја/к.мк

Категорија: Вера, Размислување

За авторот