Прва Света Причест во Чанаклија

Прва Света Причест во Чанаклија

На 7 јуни 2026 година, во Неделата на Сите Светии во филијалната црква „Свети Великомаченик Ѓорги“ – Чанаклија, Прва Света Причест примија седум првопричесници. Тие, по соодветна духовна подготовка под водство на парохот отец Ванчо Назов го примија Господ Исус Христос во Светата Причест по прв пат, обновајќи го својот крстен завет. На Литургијата присуствуваа повеќе верници од филијалата, како и роднини и пријатели на првопричесниците.

Во пригодната проповед парохот отец Ванчо Назов ја потенцираше важноста на Светата Причест во животот на секој христијанин, а на крајот од Литургијата се заблагодари на Господ Бог за овој радосен настан, како и на родителите и сите оние кои ги подржуваат децата на нивниот христијански пат.

На крајот првопричесниците добија и пригодни подароци во знак на сеќавање на овој убав настан. Заедничкото дружење продолжи во дворот на црквата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот