По враќањето од Албанија Папата се помоли во базиликата Света Марија Велика

Во понеделник 22 септември околу пладне Светиот Отец ја посети базиликата Света Марија Велика за да и заблагодари на Блажена Дева Марија за нејзината заштита и среќното враќање од Албанија. По обичај, се задржа во молитвена тишина во капелата Спасение на римскиот народ (Salus Populi Romani) и таму положи букет цвеќе кој што синоќа го прими во Албанија за време на средбата со децата во центарот Витанија. Присутните верници му се придружија во молитвата и во пеењето на Салве Регина, на крајот на молитвата, по што Папата се врати во Ватикан.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот