Почина полскиот кардинал Станислав Наги

Краков, 6.6.2013 /к.мк/ – Во среда 5 јуни во Краков, во 91 година од животот, почина полскиот кардинал од Краков Станислав Наги. Во телеграмата со сочувство, Папата го нарекува покојниот кардинал „сакан брат, кој великодушно служеше на Евангелието и Црквата, посебно во академскиот свет, како признат научник и искусен професор.“ Светиот Отец со благодарност се потсети на неговите плодни соработки, пријателство и взамено почитување со блажениот Иван Павле II, како и неговото ангажирање на полето на екуменизмот. Папата го моли Бог, преку застапништвото на Блажена Девица Марија да го прими во вечната радост и мир својот верен слуга и угледен човек на Црквата. (го*ко)

 

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<