Потресна исповед: Ќе родам девојче кое не го сакав

Интернет страната католици.мк ексклузивно на македонски јазик ви ја донесува исповедта на Изабел, деветнаесетгодишна студентка на факултет за медицински сетра (објавено на италјанскиот портал „Дневнен компас“ (La Bussola Quotidiana), која забременила после врска со врсник кој ја напуштил велејќи и дека не сака да биде татко. Изабел храбро одлучила да ја раскаже својата приказна полна со потешкотии, несигурности и стравови, на кој начин и зошто и како го отфрлила „лесното“ и „удобно“ решение: абортус.

Ми се чини како да беше вчера. Денот кога открив дека сум бремена. Првиот тест, загриженоста расте, втор тест – позитивен. Го гледав: позитивен, позитивен. Ме обзема чуство на целосна изгубеност, во тој момент ужасот надвладеа во мене, се скаменив, станав неспособна за да реагирам. Да се опише тоа чуство е тешко, невозможно, тоа е како вибрација која се создава во утробата и се шири по целото тело, внатрешен смртоносен отров кој ти ја одзема силата и ја гаси секоја светлина. Единствено што бев способна да видам беше мојот живот, уништен, распуштен, моите планови се скршени, иднината која ја градев стана недопирлива утопија. Личноста која сакав да станам не постоеше повеќе, беше само далечно сеќавање. Моите соништа се изгубија засекогаш, заедно со моите 19 години.

Самата помисла дека морам да и соопштам на своите родители дека сум бремена предизвикуваше кај мене неопишлива болка, помислата дека ќе видам разочараност на нивните лица и губење на нивната доверба ме доведуваше до лудило, како да излезам од таа катастрофа?

Меѓутоа, многу повеќе ме плашеше помислата на абортус, помислата на ладните инструменти кои влегуваат во мене и делчиња од телото, не тоа не можам да го поднесам. Гледав на интернет некои застрашувачки фотографии на абортирани фетуси, стари неколку недели…мали, минијатурни распарчени деца, не тоа не можам да го направам. Во мене таа личност е случајно зачната, сигурно несакана, но не би можела да го решам тој проблем на тој начин, не би можела да ја поправам грешката со уште една поголема непоправлива грешка. Но едноставно јас не го сакав тоа дете.

Спротивно на моите најтрагични очекувања, кога плачејќи и посремена и признав на моите родители дека очекувам дете, немаше врескање, ниту трескање на врати. Само молк, голема загриженост на нивните лица, задржани солзи во очите на мајка ми, и многу многу подршка и љубов. Не беше тоа лесен пат, напротив, но никогаш не ми недостигаше љубовта на моите родители и на мојата постара сестра која никогаш не ме остави сама во моментите на изгубеност кои ме обземаа.

Најтешки беа првите три месеци. Многу време пред зачнувањто, таткото на детето, млад како и јас, се покажа нестабилен, а тоа што е уште посериозно,лажливец и насилен. Јас бев слаба и вљубена, не успеав целосно да се оделам од него, бидејќи толку многу верував на неговите зборови и покрај тоа што кон мене често покажуваше презир, ми велеше: „без мене би останала сама цел живот“. Кога му реков дека очекувам дете реакцијата се промени. Најпрво напад на бес, тогаш и психолошки пристисок„ Во таа доба абортусот е паметна работа“, а затоа и тешка напомена: „Дали си сигурна дека јас сум таткото?, тогаш би се вратила како нејнежна личност на светот, а јас секој пат тоа го примав со болка. Во третиот месец од бременоста потполно исчезна, нашол друга девојка. Без грижа на совест.

Беа тоа моменти на длабока тага, ја презирав личноста со која сум била, ми стана очигледна неговата празнина, површност, ладност. Се мразев, се мразев со месеци, можеби се уште се мразам, за тоа што порано не сум се оделила од него, бидејќи без него сега би го имала својот живот на деветнаесетгодишна: пријатели, факултет, забава.

Во потполн очај прифатив, не без потешкотии, разговарав со свештеникот, мојата душа беше распарчена. Не го сакав тоа дете, но знаев дека никогаш не можев ведро да живеам започнувајќи со „лесен“ и „очигледен“ избор. Напротив од сите стравови и двоумења едно ми беше јасно: не сакам да ја осудам душата со еден таков страшен чин. Дон Фабио ме охрабруваше, се чуствував како мајка изрод – бидејќи не сакав да го убијам тој живот, иако понекогаш сакав, сум се надевала, па дури и понекогаш и молев за спонтан абортус – но тој направи да се чувствувам потполно нормално: „Ова раѓање ќе биде милост“, велеше. Јас не верував, но навистина чуствував олеснување.

Одлучив да се доверам на Божјот план, план кој порано не го прифаќав и тешко го прифаќам и денес. Беше невистински, но нешто порано пред да дознаам дека сум бремена размислував за Божјот план во нашиот живот. Бев во болница, на пракса предвидена со мојот факултет, и секој ден се среќавав со лица кои се бореа со изворедна сила со катострофални болести. Се чуствував виновна затоа што се чуствував добро, бидејќи мојот живот беше нормален, немав посебни потешкотии, бидејќи бев во болница за да вежбам и да учам, а не како тие болни кои лежат в кревет во борба против болката и смрта ќе има ја одземе некој ден. Се сеќавам добро, една вечер му се обратив на Бог со голема благодарност во срцето, заблагодарувајќи му за таквиот совршен живот во однос на таков живот полн со трпење. И таа вечер додека лежев на креветот, го запрашав: Каков план има со мојот живот.

Не можев ни да замислам дека за месец дена мојот најнормален живот потполно ќе се измени. Се смејам кога ќе помислам на тоа.

Моето девојче ќе се роди за нешто помалку од месец дена и признавам не чуствувам љубов и нежност, но велат дека тоа е нормално, дека после раѓањето ќе биде поинаку, сепак јас сеуште не знам што ќе направам, дали ќе ја задржам или ќе ја дадам на посвојување. Не знам што е најдобро за мене, не знам што е полошо за неа.

Не ми останува ништо друго, освен да ја доверам на Бог ова моја одлука, надевајќи се дека ќе ме просветли. Знам дека и двете одлуки ќе бидат тешки и болни, дека и двете ќе бидат големо одрекување, Сигурно, не се кајам што не абортирав, тоа би било неприродно, бидејќи веднаш сфатив дека носам живот во себе. Не апстрактен живот, туку живот на друга личност во себе! Се сеќавам, како тоа да беше вчера, првиот ултразвук, во периодот кога сеуште можев да го „абортирам на време“, кога прв пат го слушнав откучувањето на срцето на детето и заплакав очајна. Напротив, денес иронично се смејам мислејќи на тие што велат: „тоа се само збир на клетки“. Ако е така, остави ги и види што ќе се случи. Што сакаш да бидат само збир на клетки? Велиш не е дете, тогаш зошто се распарчува? Пушти го мирно во своето тело и така не е жив? Храбро, тоа е смешно… сепак, секој ден ќе недостига плачот на децата кои никогаш не можеа да живеат, бидејќи себичноста на мајките надвладеала.

Во девети месец сум, имам уште двоумења, толку несигурности: но за едно сум сигурна: секогаш постои алтернативен абортус. Оној кој смета да се даде на посвојување сопственото дете е полош чин од самиот абортус, треба да си ја испита совеста. Дали е тоа чин на љубов, патење, жртва. Можеш ли да живееш сам со себе, знаејќи дека детето живее, бидејќи ти си одбрала да не го убиеш. Знаејќи дека едно семејство со љубов се грижи за него, а тоа ќе ја има можност на овој свет. Ти си имал можност да живееш и исправно е и тоа да ја има таа можност. Бидејќи таа можност ја заслужуваме сите. (Д.И.)

Категорија: Сведоштва

За авторот

Write a Comment

<