Последни разговори: Нова книга на Бенедикт XVI

Во својата книга папата Бенедикт на разбирлив јазик зборува за прашања кои ги интересираат сите луѓе на пример за тоа што е вера, каде всушност се наоѓа Бог, како да се молиш, се плаши ли од сопствената смрт и како за неа се подготвува…

Папата Бенедикт ќе остане запаметен како прв Папа од нашето време кој се повлече од својата служба посветувајќи се на живот на молитва и размислување „сокриен од светот“ во поранешен манастир во ватиканските градини. Во оваа уникатна книга го прекинува молчењето: во доверлив разговор со својот долгогодишен соговорник Петар Севалд прв пат во историјата еден Папа прави биланс на својот понтификат и својот живот.

Последни разговори се како духовни пораки од Бенедикт XVI – скапоцена и интимна оставнина на Папата кој со својата мудрост и едноставност го привлече вниманието како на верниците така и на неверниците.

Во близок и трогателен разговор со Петар Севалд почесниот Папата прв пат говори и за тешкотиите, чувствата и тешките моменти кои претходеле на неговото откажување од службата и воедно со исклучителна искреност одговара на прашањата за својот јавен и приватен живот: за успешната теолошка кариера, пријателството со свети Иван Павле II, учеството на Ватиканскиот собор и за изборот за Папа, за настојувањата да ја исчисти „нечистотијата во Црквата“, за својот наследник папата Фрањо и односот со него итн.

Освен тоа во својата единствена книга папата Бенедикт за секого разбирлив јазик прозборува за прашањата кои ги интересираат сите луѓе на пример за тоа што е вера, каде всушност се наоѓа Бог, како да се молиш, се плаши ли од сопствената смрт и како за неа се подготвува многу други прашања.

Читајќи ги Последните разговори од Бенедикт XVI имаме можност уште еднаш да се збогатиме со длабоки и едноставни мисли и духовни пораки на овој исклучителен човек чиј брилијантен ум и понизно срце го воодушевија светот.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот