Последната објава на сестра Луција во Туј

Последната објава на сестра Луција во Туј

Три години подоцна (1929) сестра Луција имала повторно објава, која ја опишува со следните зборови:

„Оддеднаш целата капела беше осветлена со натприродна светлина и над олтарот се појави голем крст допирајќи го речиси кровот. На горниот дел на крстот се простираше глава и труп на човек. На градите имаше голуб како од светлина, а на остатокот на крстот висеше распнат човек.

Над неговиот појас, во воздухот, се гледаше чаша и голема хостија. Во чашата паѓаа капки крв од лицето и од раните на градите на распнатиот Исус.

Под десната страна на крстот стоеше Жена (Пресвета Богородица). Таа беше Фатимска Богородица. Го држеше своето срце во левата рака, без меч и ружа, со трновита круна и пламен.

Под левата страна на крстот се гледаа буквите кои го сочинуваа зборот „Милосрдие и сомилост.“ Тие беа како од кристална вода кои паѓаа на олтарот. Сфатив дека тоа е тајната на Пресветата Троица и примив сознание за таа тајна која не ми е дозволено да ја откријам.

Пресвета Богородица ми рече: „Дојде часот во кој Бог бара од Светиот Отец во заедница со сите епископи во светот да ја посвети Русија на моето Срце, ветувајќи дека на тој начин ќе ја спаси.

Фатимска порака Луција говори/к.мк

 

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот